Ноќна, екстра хранлива и регенеративна крема за сува до нормална кожа, со органски (*) масла:
арган
дива ружа (шипка)
јојоба*,
жолто ноќниче
макадамија*,
ши путер,
сквалан
а тука се и витамин Е, ружина вода и билни екстракти од невен, овес и алое.
Богати и хранливи масла пружаат засилена ноќна нега. Кремата содржи и церамиди и бисаболол. Првите се клучен фактор за посилна кожна бариера, а на сува кожа токму тие и фалат. Бисабололот е активна компонента на камилица, делува смирувачки врз оштетената кожа, намалува иритации и црвенило.
Со континуирана примена, кожата станува похидрирана, помека, без прекумерно сушење. За кратко време се приметува разлика, а дехидрирана кожа реагира веднаш со изразено подобар изглед.
Етерично масло од палмароса делува anti-age.
Пакување: 30мл, стаклена тегличка
