Опис: Комплетна антиоксидативна нега, со наицинамидот, витамин Ц, Е и хидрирачки состојки како хијалуронска киселина.
Ниацинамид - мултифункционлна состојка со неброено многу користи. Позади сите стојат повеќегодишни клинички докази, со што овој витамин се уврстува у самиот врв на состојките неопходни за убавината на кожата. Кога се нанесува топикално:
Ниацинамидот делува како антиоксиданс, со што се забавува процесот на стареење ( anti-age функција)
ја обновува бариерната функција на кожата (дехидрирана, иритирана, оштетена кожа)
намалува црвенило
посветлува и и дава “жива“ боја на кожата
избелува хиперпигментации (и оние од акни), така што ја контролира количината на пигментот којшто се трансферира во до површинските клетки.
подобрува еластичност, со што се губат ситни брчки
порите помалку се видливи
смирува и намалува активни акни (ефект од 4% ниацинамид е ист како ефект од 1% клиндамицин гел)
помага да кожата добие мат изглед
забрзува обнова на клетки (старите ги сменуваат млади инови клетки)
При сето ова, ниацинамидот е ретко ирититативен и е без споредни ефекти.
Постојат луѓе сензитивни на високи дози витамин Б3, па кај нив може да се јави црвенило и иритација.
Ако се сомневате да имате хипер-сензитивна кожа или алергија, серумот го пробајте првин на внатрешниот дел од надланица. Концентрацијата од 5% ветува високи перформанси (1-2% е вообичаена доза, 2-5% е препорака за видливи ефекти), но без споредни несакани ефекти. Но сепак, индивидуални случаеви на алергиски реакции се можни. Континуирана употреба на ниацинамид дава резултат после некоја недела, а во случај на акни, до 8.
Витаминот Ц е застапен во своја стабилна форма, која не оксидира и не е иритирачка. Оваа форма има исто антиоксидативна функција врз кожата, делува против акни и флеки.
Витаминот Е е уште еден антиоксиданс, кој делува емолиентно и ја омекнува кожата.
Кога се сето ова наоѓа заедно со хијалуронската киселина, онда добивате повеќенаменски серум, кој освен потентните активни состојки, дава и долготрајна хидратација.
Билните екстракти од грозје, хамамелис, зелен чај и алое се исто така во функција на борба против слободни радикали, прочистување на кожата, смирување на иритации.
Намена: Серумот е наменет на сите. Нема тип на кожа или состојба на која нема да и одговара, ниту причина зошто некој не може да го користи.
Серумот делува смирувачки и на кожата после изложување на Сонцето, а благодарение на хијалуронот, ќе имате и екстра хидратација.
Како и кај другите наши хијалуронски серуми, и од овој ќе ви треба само неколку капки за цело лице и врат.
Пакување: 30мл, стаклено шише со пумпичка
BCE SkinFix
Aqua, Sodium ascorbyl phosphate, Niacinamide, propanediol 1.3, butylene glycol, Centella Asiatica Extract, d-panthenol, Sodium acrylate/Sodium Acryloyldimethyl Taurate Copolymer, tocopherol, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin, glycerol, hyaluronic acid, Caprylhydroxamic Acid, Glyceryl Caprylate, citric acid, sodium gluconate.